Во Делчево синоќа е ограбена златарницата „Манчев“. Крадците влегле во трговскиот центар преку терасата на пицеријата „Палма“, кршејќи го стаклото, објави „Делчеводенес“.

Крадците ја скршиле вратата од златарницата и со помош на количка за гајби го изнеле сефот кој тежел околу 400 кг од трговскиот центар и заминале во непознат правец.
Се претпоставува дека во кражбата учествувале тројца крадци, бидејќи од толку луѓе се пронајдени отисоци. Газдата на златарницата изјавил дека во сефот ималo злато од голема вредност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


