Љубиша Богдановиќ, српскиот масовен убиец кој уби 13 лица живеел во постојан стран од сиромаштија и затоа постојано ги терал жена си и синот да работат. Кога синот не станувал рано наутро, во пет часот, да го нахрани добитокот, тој се лутел. Бил агресивен и кон сопругата Јаворка.

Јаворка го преживеа масакрот, но уште не знае што се случило. Полицијата разговарала со неа, но таа не открила кој би можел да е мотивот за тешкото злосторство на нејзиниот сопруг Љубиша.
– Јаворка не знае што сѐ се случило. Не знае дека нејзиниот сопруг убил 13 лица и себе. Знае дека само пукал во неговата мајка Добрила. Од таа причина инспекторите не се обиделе да добијат никаков одговор кој би укажал за мотивот за злосторството – објасниле од српското Министерство за внатрешни работи, пренесе „Блиц“.
Во следните денови, во соработка со психијатар на Јаворка ќе и биде кажано што се случило на кобното утро во вторникот.
– Со Јаворка разговарвме само за нејзиниот однос со Љубиша. Кажала дека некогаш бил агресивен кон неа, знаел и да ја удри. Бил во постојан страв и паника од сиромаштија, па затоа од неа и од синот Бранко барал постојано да работат.Јаворка кажа дека Љубиша му се лутел на синот кога не станувал во пет за да го нарани добитокот- пренесува весникот.
Јаворка сѐ уште е во Ургентниот центар каде се опоравува од повредите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.