| четврток, 6 декември 2018 |

Русија не бомбардирала цивилни цели во Сирија

пу

-Руските воздушни сили не погодуваа цивилни цели откако почнаа со воздушни напади во Сирија- изјави денеска генералот полковник и главен командант на руските воздухопловни сили Виктор Бондарев. „Амнести интернешенел“ оваа недела ја обвини Русија дека за време на бомбардирањето погодила многу цивилни мети што, како што оценија, би можело да претставува воено злосторство, но руското Министерство за одбрана одлучно ги отфрли тврдењата. ­

-Воено­вселенските сили ниту еднаш не погодија цивилни цели во Сирија – рече Бондарев во интервју за Росија 24. ­

-Руските пилоти се добро обучени и никогаш не промашиле мета или погодувале т,н. чувствителни места како училишта, болници и џамии – рече тој.

Кремљ почна воздушни напади во Сирија на 30 септември, соопштувајќи дека сака да му помогне на сирискиот претседател Башар ал Асад да ја порази Исламска држава и другите милитантни групи. Исламска држава во најновата порака вчера соопшти дека воздушните напади на Русија, а ниту на коалицијата предводена од САД, не успеале да ја ослабат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top