| четврток, 6 декември 2018 |

Путин воспоставува антитерористички штабови на крајбрежјето

Рускиот претседател Владимир Путин наложи воспоставување антитерористички штабови во неколку крајбрежни региони, соопшти Кремљ.

Единиците ќе бидат организирани во Каспијск на Каспиското Море, во Мурманск на северозападот на Русија, како и во градовите Петропавловск- Камчатка и Јужно-Сахалинск на источниот брег.

Антитерористички штаб ќе биде воспоставен во престолнината на Крим Симферопољ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top