– Добар ден, дали сте дале оглас за продажба на лек против тумори, цисти, мозочни и срцеви удари?
– Да, еве имам уште две шишенца.
– Прво кажете ми, од што е тој лек? Имате ли некоја документација која го потврдува сето ова што го пишува во огласот, дека ги лечи сите овие наведени болести? Имате ли дозвола за продажба?
– Ма нема што да ти зборувам, каква документација, еве ти мој пример: јас го имав најлошото и се излечив. Докторите не ми веруваа кога отидов на контрола.
– Добро, но од што е направен лекот? Дали е по ваш рецепт?
– Јас го купив од една жена од Велика Кладуша и сега јас тоа го продавам. Тука има алое вера и уште нешто, не знам точно. Главно се пие од една капка до 15 па наназад, па потоа по 25 капки три пати на ден… Цената на едно шишенце е 100 (конвертибилни) марки (50 евра)…
Вака течеше разговорот со извесна Дина, која преку продажната интернетска страница pik.ba понудила „еликсир на животот‟. Во „описот на производот‟ напишала дека, освен наведеното, лечи и притисок, триглицериди, штитна жлезда, маснотии во крвта и сите женски болести.
Рецепти за сите болести
На истиот портал, под рубриката „здравје‟ се продава и лек „кој уништува туморозни клетки за 60 дена‟, „лек против рак‟, „рецепти за сите болести‟, како и „книга за употреба на ММС т.е. чудотворен минерален напиток‟ (од Miracle Mineral Solution) кој наводно лечи сида, рак, аутизам и многу други болести.
Токму тој последен препарат во Србија овие денови предизвика вистинска полемика, а откако тамошните лекари објавија дека лекот всушност содржи средство за дезинфекција на нехлорирана вода и избелувач кој се користи во домаќинствата и дека може да има фатални последици за тие кои го користат, почнувајќи од оштетување на дишните патишта и системот за варење, потоа пликови, па се до смрт.
Покрај сето тоа, дистрибутерите во Србија тврдат дека првите количини на тој препарат ги набавиле во Босна и Херцеговина, од Слободан Масилиќ од Босански Шамац, а кој се претставувал како лекар по природна медицина и хемиски инжинер.
И навистина, Маслиќ има своја интернетска страница под името „Природна медицина‟, но на неа повеќе го нема спорниот производ. Всушност, тој својата веб страница речиси ја затворил.
Неговиот последен пост е од февруари оваа година, а меѓу понудените „лекови‟ повеќе го нема ММС, но има прав од јаглен и петролеј, опишан како „лек против рак, на кој единствена маана му е што е евтин‟.
Во текстот за петролејот, со илустрирана фотографија со шише и етикета на која пишува: „Петролеј за осветлување‟, има неколку примери за наводно излекувани разни видови на рак: едно семејство од Шварц од Берлин, медицинска сестра од Сремски Карловци… Под текстот е и едно прашање, кое го поставил извесен Лека, а кој прашува: „Дали постои некој кој моментално го користи петролејот и може да посведочи за неговата делотворност? Нека се јави, нека прозбори, да помогне и на другите…‟
Иако прашањето е поставено пред цели две години, на него никој не одговорил.
Настанокот на чудотворниот напиток
Сараевскиот хирург Ибрахим Церо смета дека лечењето со препарати кои не поминале процедура на клиничко испитување и регистрација од надлежната агенција за лекови отвара можност не само за злоупотреба, туку и за штетни ефекти по здравјето на луѓето.
За наведените препарати кои се нудат преку слободна продажба на интернет вели дека немаат никаква ни експериментална, а ни научна студија која би ги потврдила наводните позитивни ефекти кај одредени болести, па истакнува дека се можни разни нуспојави, како и трајни штетни последици по здравјето на нивните конзументи.
За сето тоа сакавме да разговараме со Слободан Маслиќ, сопственик на сајтот „Природна медицина‟ и да го прашаме дали неговите наводни лекови поминале анализи, имаат ли дозвола за продажба и зошто од содржината го потенцирал „чудотворниот напиток ММС‟, па се јавувавме на сите понудени броеви на страницата. Меѓутоа, сите кои се јавија рекоа дека тоа не е број на Слободан Маслиќ, дека тие не продаваат никакви лекови, не знаат што е ММС; ниту имаат нешто со тоа. А многу брзо се откри дека „ништо со тоа‟ немаат ни многу државни, ентитетски и општински институции во државата.
Тијана Спасојевиќ, портпарол на Агенцијата за лекови и медицински средства во БиХ, рече дека, според ентитетските закони за аптекарска дејност, продажба на лекови преку интернет е забранета. Кога се работи за поединечни продажби преку интернет, вели дека тие напитоци не спаѓаат во лекови, ниту се регистрирани како такви. „Со промет на лекови на мало можат да се занимаваат само аптеки на кои ентитетските министерства се надлежни за дејностите за здравје и тие ги издаваат дозволите. Физички лица и нелиценцирани установи не можат да се занимаваат со тоа и таков промет е нелегален‟.
МВР: Ги нема многу
На Фармацевсткиот факултет во Сараево, сепак, рекоа дека тие работат на анализи само на тие препарати кои ќе им се достават со пропишана процедура, но дека во нивна надлежност не се анализи на препарати кои се продаваат преку интернет или други канали.
Ни во Министерството за внатрешни работи немаат многу информации за тоа во чија надлежност е проверката на интернетска продажба на препарати за наводно лечење. Ирфан Нефиќ, портпарол на МВР на Кантон Сараево, вели дека МВР работи само врз основа на пријава која некој ќе ја поднесе во врска со некој препарат, пријава за лицето кое го прави тој напиток и го продава, но дека „ги нема многу‟.
Фактот дека лица кои имаат штетни последици од наводните лекови кои ги купуваат преку интернет илу други огласни продажби, а нивните производители или дистрибутери не ги пријавуваат до надлежните органи. Церо го смета како можен страв од реакција на лекарите кои учествуваат во неговото лечење и истакнува дека во целиот тој бизнис има елементи на кривично дело.
Меѓутоа, во Босна и Херцеговина не постои единствен закон со кој е среден пазарот на социјалните мрежи, ниту е именуван единствен орган, или инспекција, која за тоа би водела сметка, со што би биле пропишани и санкции.
А не се гледа ни можност дека тоа ќе се случи во блиска иднина.
Ал Џезира Балкан – Сараево
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст