| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на „Скора“ во Кино Карпош

8a

Во недела со почеток од 21 часот во Кино Карпош ќе биде промовиран долгоочекуваниот филм „CKOPA“ во режија на Џејмс Ханикат и продукција на Кристина Илиевска. Главните улоги ги играат Јелена Јованова и Наташа Петровиќ, придружувани од Владимир Петрович и Стефан Вујишиќ.

Во филмот две пријателки, во околината на Скопје, чекаат да се случи нешто што ќе ги разреши нивните дилеми. Едно интроспективно патување зачинето со измислена етимологија, филозофија, и камења со кои се поврзуваат.

3a

– Снимањето на CKOPA беше неверојатно интересно искуство. Иако снимањето во принцип е напорна работа која бара голема концентрација, ние сите, вклучително и јас, многу се забавувавме. Екипата беше извонредна и не само што имав шанса да работам со прекрасни луѓе, туку се створи и онаа прекрасна атмосфера на слеаност меѓу сите нас, нешто што секогаш се посакува, а ретко се постигнува. Одделно прашање е високата професионалност на секој член на екипата и одговорноста со која секој од нив пристапуваше кон поставените задачи – раскажува Кристина Илиевска.

Еден од моите омилени делови од филмот за неа е почетокот, сцената кај аквадуктот.

– Снимањето на оваа сцена ми беше исто така многу важна и ќе ми остане во секавање засекогаш. Toj ден имавме прекрасно време. Oткaко ги најдовме најубавите агли за снимање и откако сe снимивме, решивме да ја снимиме сцената уште еднаш. Тогаш јас имав шанса да седнам на страна и да уживам во моментот – вели Кристина

Директор на Фотографија – Dario Sekulovski
Асистент Режија – Sin Popena
Арт Дирекција – Dethvixay Banthrongsakd

По проекцијата на филмот CKOPA уживањето ќе го „препуштиме“ на DJ Fluid

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top