| четврток, 6 декември 2018 |

Кубанската вакцина – нова надеж за болните од рак

Цел­та на „ци­ма­вакс ЕГФ“ не е да го из­ле­ку­ва бол­ни­от што има рак на бе­ли­те дро­бо­ви во по­од­ми­нат ста­ди­ум, ту­ку да му овоз­мо­жи тој да про­дол­жи да жи­вее со бо­ле­ста

Од рак на бе­ли­те дро­бо­ви, најс­мр­то­нос­ни­от и нај­чест ма­ли­ген об­лик на ту­мор, во све­тот се­ко­ја ми­ну­та жи­во­тот го гу­бат две ли­ца, днев­но 3.000, а го­диш­но еден ми­ли­он лу­ѓе. Во Ма­ке­до­ни­ја го­диш­но се ди­јаг­но­сти­ци­ра­ат око­лу 600 за­бо­ле­ни од рак на бе­ли­те дро­бо­ви. Се­кој ба­ра на­чин да си по­мог­не се­бе­си или на бли­ски­от што бо­ле­ду­ва од рак… Раз­ни тре­вки, мас­ла, хе­мо­те­ра­пии, ал­тер­на­тив­ни на­чи­ни на ле­ку­ва­ње. Се про­бу­ва сè, се да­ва­ат мно­гу па­ри за ле­кот. Ку­ба твр­ди де­ка го има ле­кот за рак на бе­ли дро­бо­ви. Ма­ке­до­ни­ја е на пат да го до­не­се спа­сот од оваа бо­лест. Аген­ци­ја­та за ле­ко­ви нај­а­ви де­ка на­ско­ро во зем­ја­ва ќе при­стиг­не ку­бан­ска­та вак­ци­на про­тив рак на бе­ли­те дро­бо­ви „ци­ма­вакс ЕГФ“. Спо­ред нај­а­ви­те, ле­кот ќе се да­ва на де­сет па­ци­ен­ти на Kли­ни­ка­та за ра­ди­о­те­ра­пи­ја и на он­ко­ло­ги­ја во Скоп­је. От­та­му ве­лат де­ка го­диш­но има по сто­ти­на кан­ди­да­ти за оваа вак­ци­на.

 

Со рак ќе жи­ве­е­те ка­ко со ди­ја­бе­тес

Спо­ред ку­бан­ски­от иму­но­лог Пе­дро Ка­ми­ло Ро­дри­гес, ку­бан­ска вак­ци­на про­тив рак на бе­ли­те дро­бо­ви го транс­фор­ми­ра кан­це­рот во хро­нич­но за­бо­лу­ва­ње и ги одр­жу­ва во жи­вот па­ци­ен­ти­те што ре­дов­но ја при­ма­ат. На­ме­не­та е за си­те бол­ни што го има­ат овој тип кар­ци­ном во по­од­ми­на­та фа­за. Се ра­бо­ти за те­ра­пи­ја, а не за пре­вен­тив­на вак­ци­на, ко­ја ра­кот во по­од­ми­на­та фа­за го пре­тво­ра во хро­нич­на бо­лест, па па­ци­ен­ти­те што ја при­ма­ат вак­ци­на­та „ци­ма­вакс ЕГФ“ мо­жат да жи­ве­ат ка­ко да има­ат ди­ја­бе­тес.

Цел­та на оваа вак­ци­на не е да го из­ле­ку­ва бол­ни­от, ту­ку тој да про­дол­жи да жи­вее со бо­ле­ста што ја има. Вак­ци­на­та го за­ба­ву­ва и за­пи­ра на­пре­ду­ва­ње­то на ме­та­ста­зи­те на дру­ги­те ор­га­ни.

– Да не би­де­ме по­греш­но раз­бра­ни, неј­зи­на цел не е да го из­ле­ку­ва бол­ни­от што има рак на бе­ли­те дро­бо­ви во по­од­ми­нат ста­ди­ум, ту­ку да му овоз­мо­жи да про­дол­жи да жи­вее со бо­ле­ста. По­точ­но, вак­ци­на­та го за­ба­ву­ва и пре­ки­ну­ва на­пре­ду­ва­ње­то на ме­та­ста­зи­те на дру­ги­те ор­га­ни. Со са­мо­то тоа се зго­ле­му­ва пре­жи­ву­ва­ње­то и ква­ли­те­тот на жи­во­тот – истак­ну­ва ку­бан­ски­от ле­кар Ро­дри­гес.

Кан­це­рот се транс­фор­ми­ра во хро­нич­но, не­за­раз­но за­бо­лу­ва­ње, ка­ко што е ви­сок кр­вен при­ти­сок или ди­ја­бе­тес. Па­ци­ен­ти­те во тој слу­чај ре­дов­­но ја при­ма­ат вак­ци­на­та, ко­ја ги одр­жу­­ва во жи­вот, ка­ко што пра­­ви ин­су­ли­нот кај ди­ја­бе­ти­ча­ри­те. Со са­мо­то тоа се по­до­бру­ва ква­ли­те­тот на жи­во­тот на па­ци­ен­тот.

 

Лек за кар­ци­ном во по­од­ми­на­та фа­за

По­сто­јат јас­ни кри­те­ри­у­ми спо­ред кои се одре­ду­ва ка­ко оваа вак­­ци­на ќе вли­јае на па­­­ци­­ен­тот и да­ли мо­же да ја при­ми. Всуш­ност „ци­ма­­вакс ЕГФ“ не мо­жат да ја при­ма­ат си­те па­ци­ен­ти што се за­бо­ле­ни од рак на бе­ли­те дро­бо­ви. Кли­нич­ки­те сту­дии, кои се на­пра­ве­ни до­се­га, по­ка­жа­ле де­ка вак­ци­на­та не е на­ме­не­та за па­ци­ен­ти со ди­јаг­но­сти­ци­ран кар­ци­ном на бе­ли дро­бо­ви во по­од­ми­на­та фа­за со ме­та­ста­зи на цен­трал­ни­от нер­вен си­стем. Та­кви­те слу­чаи ба­ра­ат по­и­на­ков трет­ман, вклу­чу­вај­ќи сте­ро­ид­ни ле­ко­ви, чи­е­што дејс­тво мо­же да вли­јае на ефе­ктот на оваа вак­ци­на.

„Ци­ма­вакс ЕГФ“ е на­ме­не­та за па­ци­ен­ти што има­ат не­ми­кро­­це­лу­лар­нен рак на бе­ли­те дро­бо­ви, од­нос­но кар­ци­ном во по­од­ми­на­та­та тре­та Б или че­т­вр­­та фа­за. Се­пак, и тие тре­ба да по­ми­нат стро­га се­лек­ци­ја на­пра­ве­на врз ос­но­ва на исто­ри­ја на бо­ле­ста, врз ос­но­ва на ко­ја се да­ва ко­неч­на од­лу­ка да­ли па­ци­ен­тот мо­же да ја при­ми или не.

На по­че­то­кот „ци­ма­вакс ЕГФ“ ќе се да­ва на де­сет­ми­на па­ци­ен­ти на Kли­ни­ка­та за ра­ди­о­те­ра­пи­ја и он­ко­ло­ги­ја во Скоп­је. За тоа кој од па­ци­ен­ти­те за­бо­ле­ни од не­сит­нок­ле­то­чен кар­ци­ном на бе­ли­те дро­бо­ви ќе се нај­де на ли­ста­та за при­ем на овој лек ќе одре­ду­ва­ат ле­ка­ри­те-он­ко­ло­зи. Од око­лу 600 за­бо­ле­ни од рак на бе­ли­те дро­бо­ви, кои го­диш­но се ди­јаг­но­сти­ци­ра­ат во зем­ја­ва, со не­сит­нок­ле­то­чен кар­ци­ном се око­лу 400 бол­ни, а 100 од нив би би­ле кан­ди­да­ти за оваа вак­ци­на.

– По ве­ста де­ка се пре­го­ва­ра вак­ци­на­та да се да­ва и кај нас, има за­ин­те­ре­си­ра­ност од па­ци­ен­ти­те. Има про­то­кол спо­ред кој тре­ба да се при­ми ле­кот, за кој сум ин­фор­ми­ран де­ка ќе би­де до­на­ци­ја на кли­ни­ка­та за 10 па­ци­ен­ти, но сѐ уште не­ма­ме пот­пи­ша­но ни­ка­ков до­го­вор. Он­ко­ло­зи­те ќе се­ле­кти­ра­ат кој ќе ја при­ма вак­ци­на­та – ка­ко ќе им до­а­ѓа­ат па­ци­ен­ти­те на прег­лед, та­ка ќе ги опре­де­лу­ва­ат кој би мо­жел да ја при­ма – из­ја­ви ди­ре­кто­рот на Kли­ни­ка­та, д-р Ми­лан Ри­сте­ски вед­наш по ин­фор­ма­ци­ја­та де­ка „ци­ма­вакс ЕГФ“ до­а­ѓа во Ма­ке­до­ни­ја .

Не­го­ви­те оче­ку­ва­ња се де­ка ку­бан­ска­та вак­ци­на ќе вле­зе во про­то­ко­ли­те за ле­ку­ва­ње на бол­ни­те од рак на бе­ли­те дро­бо­ви за три до пет го­ди­ни.

– Би би­ло до­бро оваа вак­ци­на ус­пеш­но да ја по­ми­не фа­за­та три од ис­пи­ту­ва­ња­та и да вле­зе во про­то­ко­ли­те. Не­сит­нок­ле­точ­ни­те кар­ци­но­ми на бе­ли­те дро­бо­ви, осо­бе­но пла­но­це­лу­лар­ни­от, се ви­со­ко иму­но­ге­ни, а тоа го по­ка­жу­ва­ат ре­зул­та­ти­те не са­мо од оваа, ту­ку и од дру­ги ис­пи­ту­ва­ња. До кли­нич­ка при­ме­на не са­мо кај нас, ту­ку во­оп­што, и низ све­тот, сме да­ле­ку нај­мал­ку три го­ди­ни, под ус­лов фа­за три да има од­лич­ни ре­зул­та­ти, а, во спро­тив­но, нај­мал­ку пет го­ди­ни – ве­ли д-р Ри­сте­ски.

 

Жи­вот по­долг за пет го­ди­ни

Па­ци­ен­ти­те што се по­год­ни за при­ма­ње на ку­бан­ска­та вак­ци­на на са­ми­от по­че­ток на ле­ку­ва­ње­то при­ма­ат че­ти­ри до­зи, во ле­во и во дес­но ра­мо, ка­ко и во лев и во де­сен колк. Иста­та по­стап­ка се по­вто­ру­ва уште три­па­ти на се­кои 14 де­на. По­тоа, тем­по­то на при­ма­ње на вак­ци­на­та се до­го­ва­ра со до­кто­рот што ја во­ди бо­ле­ста.

„Ци­ма­вакс ЕГФ“ е ре­зул­тат на 25-го­диш­но истра­жу­ва­ње на Цен­та­рот за мо­ле­ку­лар­на иму­но­ло­ги­ја од Ха­ва­на. Кли­нич­ки­те истра­жу­ва­ња поч­на­ле во 1993 го­ди­на, а од 2008 го­ди­на офи­ци­јал­но поч­на­ла да се ко­ри­сти на Ку­ба. Ку­бан­ска­та вла­да поч­на­ла да го пре­пи­шу­ва „ци­ма­вакс ЕГФ“ на гра­ѓа­ни­те бесп­лат­но уште од 2011 го­ди­на. Го­лем број за­бо­ле­ни, од­нос­но 20 про­цен­ти од тие што ја при­ми­ле, жи­ве­е­ле нај­мал­ку пет го­ди­ни по­дол­го, а нај­но­ви­те ре­зул­та­ти по­ка­жу­ва­ат де­ка нај­до­бри ре­зул­та­ти има кај па­ци­ен­ти­те што има­ат по­ка­че­но нив­но на фа­кто­рот ЕГФ, а тоа е фа­кто­рот за по­раст што ги пот­тик­ну­ва ме­та­ста­зи­те.

Вак­ци­на­та е без­бед­на, твр­ди Ро­дри­гес. За не­са­ка­ни­те ефе­кти ве­ли де­ка се по­ја­ву­ва­ат исти­те симп­то­ми што се при­сут­ни и по при­ма­ње­то на дру­ги вак­ци­ни – уме­ре­но цр­ве­ни­ло, ано­ре­кси­ја, гр­че­ви, гла­во­бол­ка, мач­ни­на, по­вра­ќа­ње, по­ка­че­на те­лес­на тем­пе­ра­ту­ра, бра­но­ви на топ­ли­на, хи­пер­тен­зи­ја и хи­по­тен­зи­ја. Мо­же да се по­ја­ви и цр­ве­ни­ло и бол­ка на ме­сто­то на убо­дот.

Пишува: Билјана Зафирова
(Текст објавен во 172. број на неделникот „Република“, 18.12.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top