| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓуровски останува на Тајланд, го продолжи договорот со Муангтонг уште две години

mario gjurovski

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Марио Ѓуровски, потпиша нов двегодишен договор со тајландскиот клуб Муангтонг јунајтед.
Ѓуровски успешно настапува во тајландскиот клуб во изминатите три години и е еден од најистакнатите фудбалери во тајладската лига. Во минатата сезона македонскиот фудбалер имаше посебно забележителни настапи и постигна 20 гола на 31 натпревари.
Претходно во кариерата, Марио Ѓуровски беше дел од младинскиот тим на Црвена звезда, настапуваше и за ФК Бежанија, ФК Војводина и во украинскиот Металург Доњецк. Од 2012 година се пресели на Тајланд и го носи дресот на Муангтонг јунајтед

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top