2015 година беше најуспешна година на Министерството за транспорт и врски, која ќе биде запаметена по најголем број на инвестиции во транспортот во историјата на независна Македонија. Ова денеска го подвлече министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, кој го презентираше отчетот за 2015 година.
Отчетот содржи над 200 проекти и уште многу потпроекти и услуги што ги реализира Министертвото за транспорт и врски.
-Сакам да нагласам дека онаму каде што мојот претходен колега Миле Јанакиески посветено работеше на проектите, јас со целиот овој тим и вработените од Министерството продолживме во реализација на ветените проекти од Програмата. Водејќи се од барањата и потребите за подобрување на животниот стандард, заеднички вложивме огромен труд во реализација на се она што сме го ветиле пред нив. Работевме макотрпно решавајќи ги најзначајните работи, работевме посветено на исполнување на обврските, но и на многу други проекти што не сме ги ветиле но во текот на годината се јавиле како реална потреба на граѓаните- подвлече Мисајловски.
Во делот на патната инфраструктура активно се работеше на околу 400 километри патна мрежа.
Како никогаш досега истовремено се работеше на изградба на три нови автопати а воедно се реконструираа и уште две автопатски делници во вкупна должина од 165 километри или инвестиција од околу 800 милиони евра.
-Со засилено темпо работевме на изградбата на автопатот од Демир Капија до Смоквица, во должина од 28 километри и инвестиција од 210 милиони евра. Очекуваме овој автопат да го завршиме крајот на следната година. Вториот автопат од Кичево до Охрид претставува најголема инвестиција до сега, изградбата чини 374 милиони евра. До крајот на оваа година завршени се 14 %од градежните работи. Интензивно продолживме со изградба и на автопатот од Скопје до Штип во должина од 47 километри и инвестиција од 206 милиони евра. 2015 година ја завршуваме со вкупно завршени 34 % од градежните работи, рече Мисајловски.
Во соработка со Делегацијата на Европската Унија, оваа година завршена е реконструкцијата на автопатската делница од Велес до Катланово со должина од 23 километри и инвестиција од 6,6, милиони евра.
Само пред неколку денови започна реконструкцијата на делницата од Смоквица до Гевгелија во должина од 10 километри и инвестиција од 4,2 милиони евра. Се очекува да се заврши за една година. Во завршна фаза е отпочнувањето на реконструкција на делницата од Скопје до Куманово, инвестиција од 16 милиони евра.
-Во делот на автопатскта мрежа,ја работиме проектната документацијаза изградба на делниците од Требениште до Струга, од Гостивар до Кичево и до Скопје до Блаце. Исто така во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, во 2015 година започнавме со изградба и реконструкција на 13 регионални и магистрални патишта со вкупна должина од околу 167 километри и инвестиција од околу 50 милиони евра. Го завршивме регионалниот пат од Маврово до Маврови Анови а во завршна фаза е патот од Клепач до Новаци. Продолживме со изградба на регионалниот пат од Скопје до Сончев град, на експресниот пат од Велес до Кадрифаково и од Опае до Станчиќ, истакна министерот.
Во 2015 година започна реконструкција на следниве регионалите патишта: Битола Ресен Буково, Ново Село до Маврово, од Мокрино до Смолари , од Нов Дојран до Николиќ, Тетово- Брвеница – Гостивар, од Бошков мост до Дебар, од Делчево до Голак, Мелнички мост до Центра Жупа и Кривогаштани до Воѓани.
–Следната година ќе продолжиме со уште позасилено темпо бидејќи ќе започнеме изградба на 5 експресни патишта а воедно ќе започнеме со рехабилитација на уште 6 регионални патишта, што значи дека следната година активно ќе се работи на вкупно 24 регионални патишта и 7 автопати со вкупна должина од околу 600 километри. Ова почитувани, во истријата на Република Македонија се нема случено истовремено да се работи на толку километри патна мрежа, објави Мисајловски.
Во делот на локалната мрежа во 2015 година завршена е со изградба и реконструкција на 48 локални патишта со вкупна должина од околу 60 километри.
-Инвестиравме околу 6 милиони евра во поставување на над 1000 нови знаци и осветлување на клучките и раскрсниците. Обезбедивме дополнителни 1,3 милиони евра за реконструкција на лежиштатана 13-те мостови на Коридор 10 што ги рехабилитираме во соработка со НАТО, инвестиција од 10 милиони евра, очекуваме за завршиме втор квартал во 2016 година.Започнавме со реконструкција на патарината во Романовце, прва од петте предвидени со проектот за модернизација на наплатните станици на Коридор 10, инвестиција од колу 18 милиони евра. Продолживме со транспаратна распределба на ЦЕМТ дозволите и автобуските линии, обезбедивме дополнително 1750 транспортни дозволи, објасни тој.
2015 година ќе се запамети како историска и по пристигнувањето на првиот од шестте нови патнички возови, инвестиција од 25 милиони евра. Останатите пет возови ќе пристигнат првата половина на 2016 година.
-Правиме анализи следната година да набавиме дополнително нови патнички возови со што целосно ќе го обновиме возниот парк на железница.Исто така изминатата година набавивме и нови 150 товарни вагони, а во континуитет продолжи мерката за бесплатно патување за студенти, млади до 27 години и пензионери. Продолживме со изградбата на пругата кон Бугарија. Активно се работи на делницата од Куманово до Бељаковце а се проектира втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка. Работиме на изготвување и на проект за новата пруга од Кичево до Албанија, додаде Мисјаловски.
Изминатата година започна изградба на пругата од Битола до Грција, а водено продолжи и рехабилитацијата на пругата на Коридор 10.
-Во соработка со ЕУ ја завршивме реконструкцијата на железничката станица во Скопје, а активно работевме на целосна реконструкција на уште пет железнички станици на Коридор 10. Овие пет и уште други пет станици ќе продолжиме да ги реконструираме и следната година. Вкупна инвестиција од 5 милиони евра.Преку Управата за железнички систем беа издавани одобрениија, дозволи и сертификати за учесниците во елезничкиот систем, додаде Мисајловски.
Во 2015 година се воспоставија пет нови дестинации од скопскиот аеродром и две нови од охридскиот аеродром.
-Ја постигнавме посакуваната рекордна бројка од 1,5 милиони патници што поминаа низ двата аеродроми. Очекуваме следната година таа бројка да биде уште поголема бидејќи од напролет најавени се линии кон нови 4 европски дестинации, објави Мисајловски.
Во соработка со АД за станбен простор беа изградени три згради за социјалано ранливите категории на граѓани воПрилеп, Ресен и ДемирХисарсовкупно 119 станови. За истите веќе се рапишани постапки и се очекува во првиот квартал од 2016 година да бидат доделени становите. Исто така Акционерското друштво започна со изградба на уште една социјална зграда во Македонски брод
-Со АД за деловен простор отпочнавме со процес на отуѓување на деловните простории со кои стопанисува Друштвото а се во сопственост на Република Македонија. До сега отуѓивме околу стотина деловни простории.Во соработка со Европската инвестициона банка и Министерството за финансии завршивме 8 проекти а отпочнавме 21 проект за водоводни и канализациони системии тоа во општините Неготино, Дојран, Кочани, Ново Село, Дебар, Велес, Виница, Шуто Оризари, Кичево Прилеп, Охрид, Ресен, Ресен, Делчево Струга, Радовиш, Струмица и уште многу други градови низ Македонија, додаде Мисајловски.
Продолжува изградбата на канализациониот систем за Сончев град и дополнително се работи на уште десетина проекти во комуналната инфраструктура.
-Она што сакам да потенцирам е дека ги продолживме роковите за легализација на дивоизградените објекти. Со законски измени овозможивме да се доставуваат нови барања дo 31 март 2016 година а геодетските елаборати да се доставуваат до крајот на 2017 година. Исто така овозможивме и легализација на приватно земјиште. Агенцијата за катастар и понатаму ќе продолжи да изготвува геодетски елаборати за социјално ранливите категории на граѓани. Посебно сакам да го нагласам проектот за типски куќи со кои субвенционираме од 900 до 2000 евра за готови проекти за изградба на шест типа на куќи со големина од 60, 80, 100, 120, 150 и 180 метри квадратни. Овие проекти можат бесплатно да се подигнат од Министерството за транспорт и врски или од веб страната на Министерството и да се употребат во владниот проект Купи куќа за млади што се реализира преку Министертвото за финансии со кој државата субвенционира изградба на куќи за млади до 35 години, додаде Мијсаловски.
Во туристичките места започна изградба на плажи и пешачки патеки за да се подигне квалитетот на туризмот.
-Ја уредивме плажата во Стење а во завршна фаза е плажата во Сливница на Преспанското езеро, започнуваме со постапка за уредување на плажата Лагадин и Љубаниште на Охридското езеро. Изградивме пешачки патеки околу Мавровското и Беровското езеро, а во тек e изградба на патеки во Дојран и општина Дебарца. Ова преставува вкупна инвестиција од околу 215 милиони денари.Започнавме постапки за изградба на пешачка патека од центарот на Охрид до црквата Свети Јован Канео. Сакам да најавам дека денoвиве ќе распишуваме тендер за изградба на втората фаза од жичницата од Средно Водно до Козле, објасни министерот.
Во делот на градежништвото поднесени се 259 барања за отуѓување на државно земјиште. Донесен е нов закон за градежно земјиште со важност од 1. 8. 2016 година.
-Работиме на урбанизација на туристички развојни зони, воведовме систем е-урбанизам преку кој сите урбанистички планови ќе се изготвуваат по електорнски пат. Пред два дена објавивме повик за изработка на идејно решение за изградба на марина во Охрид и реконструкција на градското пристаниште. Ќе санираме уште неколку пристаништа на Охридскотот езеро. За прв пат поставени се пловни знаци низ Охридското езеро. Поставивме вкупно 175 знаци со кои ќе го регулираме авоедно и ќе ја зголемиме безбедноста на езерскиот сообраќај, додаде Мисајаловски.
Исто така продолжи изградбата на секундарната гасоводна мрежа на делницата од Клечовце до Штип, а континуирано се работи и на измени и усогласување на законската регулатива.
-Во името на целиот овој тим сакам да најавам дека продолжуваме со исто темпо, со заеднички сили да обезбедиме подобри услови за сите граѓани на Република Македонија- заклучи Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Марин продолжува со градежни активности кај Мајчин дом, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за мораториум одбиен
-
Внимателно возете: Девијации (преминување од една во друга лента) на патот Кичево-Охрид
-
Владата усвои нови два анекса на договорот за автопатот Кичево-Охрид
-
Патувате за Охрид? Прочитајте ги новите измени во режимот на сообраќај