| четврток, 6 декември 2018 |

Лилјана Абаџиева гостува во Битолскиот народен театар со новата претстава „Метаморфози“

Битолскиот народен театар е подготвен за премиерата на „Метаморфози“, авторска претстава на режисерката Лилија Абаџиева, која ќе се одигра на 28 и на 29 декември.

Сценографијата и костимите за оваа претстава ги изработи Васил Абаџиев, додека музичкото обликување е повторно на режисерката Абаџиева.

Во претставата играат актерите Марјан Ѓорѓиевски, Катерина Аневска, Васко Мавровски, Мартин Мирчевски, Викторија Степановска-Јанкуловска, Никола Пројчевски, Кристина Христова-Николова, Иван Јерчиќ, Филип Мирчевски и Сандра Грибовска.

Режисерката Абаџиева, која неколкупати поставила свои претстави на сцената на БНТ, овојпат мотивите ги црпи од делата на Платон, на Антон Павлович Чехов, „Дневникот на заводникот“ на Серен Киркегор и од поезијата на Бодлер, Рембо и на Кортасар.

– За да дознае нешто за себеси, човек треба да знае се за другите. Не мора да постои расположение, коешто не може да се доживее, ниту пак мртов начин на живо, којшто не може да се оживее. Апсурдно ли е тоа? Според мене не. Кога ни го открива во детљи механизмот на сите дејства, ослободувајќи не на тој начин од самонаметнатата пречка на бремето на моралната одговорност, научниот закон за насладување се претвора во гарант за контемплативно постоење. Тој елоквентно ни покажува, дека најмалку сме слободни кога се мачиме да дејствуваме. Тој закон не оградува со замки и го запишува на ѕидот пророштвото на нашата судбина. Излишно е да го бараме затоа што тој е во нас. Можеби не ќе го забележиме, освен во огледало, во кое што се огледува душата – вели режисерката Абаџиева.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top