| четврток, 6 декември 2018 |

Прободен малолетник во Гостивар

Во медициснкиот центар во Гостивар синоќа во 19.25 часот со убодна рана во стомакот бил донесен шеснаесетгодишник од село Добридол.

Околу 18.45 часот на бул.„Браќа Џиновски“, во центарот на Гостивар, настанала тепачка помеѓу Е.Џ.(21) и Т.Л.(22) од Топлица од една стана и седумнаесетгодишник од Сенокосе и шеснаесетгодишникот од Добридол од друга страна. Во тепачката Т.Л. извадил нож и го прободел седумнаесетгодишникот во пределот на стомакот.

Поради сериозноста на повредите, малолетникот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Т.Л. и Е.Џ. биле пронајдени и се задржани во ПС Гостивар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Против инволвираните ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top