Постојат неколку начини на кои може да ги носите мини-здолништата во овие студени денови. Најважно е да пронајдете модел што ви одговара, а кој е изработен од квалитетни материјали, како волна, сомот и кожа.
Треба да знаете како да ги комбинирате здолништата за да постигнете топол и многу модерен изглед.
Здолниште од антилоп со копчиња
Овој модел ја одбележува сезоната. Здолништето од антилоп е универзално, може да се носи во сите сезони – од летни до зимски. Најголем предизвик за комбинирање претставува токму во зимските месеци, кога може да се носи со парчиња со различен материјал и структура. Кожа, крзно, свила, памук, сѐ е дозволено.
Кожено здолниште
Освен што е топло, ова здолниште е многу трендовско и шик. Одберете неутрална нијанса како кафена, црна или бордо и носете го со бела кошула. На крај додајте чевли со високи потпетици и бидете сигурни дека сте одбрале добра зимска комбинација.
Карирано здолниште
Вечното карирано здолниште. Тоа никогаш не излегува од мода и мора да се најде во вашиот орман.
Асиметрично здолниште
Здолниште со асиметричен крој е вистински хит оваа зима. Таквото здолниште е доволно впечатливо само по себе и се комбинира со многу едноставни парчиња.
Здолниште со ефектен дезен
Златни и сребрени детали, светки, мониста. Вистинска кралица на гламурот.
Здолниште од сомот со карнери
Едноставно здолниште украсено со детали како карнери, метални копчиња и големи штепови. Во зависност од другите парчиња гардерба, може да се носи и за дневни и за вечерни изгледувања.
Балон-здолниште
Здолниште со голем волумен ќе ја издолжи секоја фигура и акцентот ќе биде на нозете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст