Постои силна причина зошто брзата храна е навистина нездрава, но и зошто толку многу сепак ја сакаме. Дали некогаш сте се запрашале како брзата храна влијае врз вашиот организам?
Нутриционистот Кери Ганс, автор на бројни трудови и книги за нутриционизам и здрава исхрана, за Yahoo Health објаснува што точно се случува во организмот после консумирањето на брза храна, но и на кој начин таа остава долгорочни последици врз нашето здравје.
Мозок
Постои причина поради која брзата храна се смета уште и како „храна за утеха“. Црвеното месо кое го содржи хамбургерот е полно со аминокиселини, кои поттикнуваат лачење на серотонин – хормон на среќа, поради што на момент ќе се чувствувате и подобро.
Срце
Црвеното месо е полно со заситени масти. Консумирањето на храна која е богата со заситени масти долгорочно го зголемува ризикот од срцеви заболувања и инфаркт, а може да го зголеми и ризикот за добивање на рак. Хамбургерите кои се полни со соли чинат вашето тело да ја задржува водата, поради што не само што ќе се чувствувате надуено, туку и вашето срце ќе работи потешко, со што се зголемува крвниот притисок.
Крвоток
На артериите им правите огромна штета после консумацијата на само еден оброк брза храна, покажуваат студии од 2012 година објавени во магазинот Canadian Journal of Cardiology. Со текот на времето заситени масти во црвеното месо го зголемуваат нивото на холестерол. Но, црвеното месо има и своја добра страна – изобилува со железо, витамин Б 12 и цинк, со што го зајакнувате вашиот имунолошки систем.
Шеќер во крвта
Рафинираните јаглени хидрати во хамбургерите брзо се варат и предизвикуваат брзо зголемување на нивото на шеќерот во крвта. Долгорочно, тоа може да го зголеми ризикот за добивање на дијабетес тип 2.
Коски и мускули
Црвеното месо е богато со протеини, што ви дава инстант енергија и помага во изградбата на мускули и коски.
Телесна тежина
Брзата храна е исклучително калорична. Со текот на бремето тој вишок на калории може да доведе и до дебелеење, со што се изложувате на ризик да заболите од низа различни болести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст