Во интервју за српскиот портал „Хело“, Тијана Дапчевиќ открива како нејзината сестра Тамара Тодевска го поминува трудничкиот период и какви промени и се случуваат во секојдневието за разлика од претходно.
Тамара е позната по тоа дека многу сака да спие, но како што вели Тијана, тоа сега е променето.
– Тамара полека се менува, почна да станува во 11 часот, а претходно се будеше во 3 или 4 попладне, сега е поодговорна. Мојот син исто така пресреќен и секојдневно и се јавува на Тамара за да ја праша дали и поминале мачнините и дали и пораснал стомакот. Обично разговорот го завршува велејќи и да му ја поздрави сестричката, вели Тијана.
Неодамна во интервјуто за „Република“ Тамара откри зошто толку тешко и е будењето.
– Точно е дека сум голема спанка, обожавам да спијам, но тоа не го правам зашто сум разгалена или не знам што. Знаете, ние што се занимавме со оваа работа, знаеме да останеме во студио и до 7 часот наутро, некогаш се случува да не спијам и по 20 часа, кога имам снимање на некој спот. Напорно е, а мене ми треба одмор, ама кој да ме сфати – се смее таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.