| четврток, 6 декември 2018 |

Слободан Чашуле ќе биде погребан утре на градските гробишта во Бутел

slobodan-casule

Министерството за надворешни работи на Република Македонија информира дека на 18 декември 2015 година во Мадрид, по кратко боледување, почина амбасадорот Слободан Чашуле.

 Комеморацијата ќе се одржи во петок, на 25 декември 2015 година во 10 часот во Амфитеатарот на Министерството за надворешни работи, а погребот е закажан за во 12 часот на градските гробишта во Бутел.
Амбасадорот Чашуле е поранешен министер за надворешни работи (2001-2002), амбасадор на Република Македонија во Кралството Шпанија, Пратеник во Собранието на РМ, и долгогодишен новинар.
Министерството изразува длабоко сочуство до семејството на починатиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top