Во јануари нов оглас за неповратни грантови за отворање на бизнис. Владиниот проект за самовработување продолжува со цел во 2016 да се отворат 920 нови фирми кои ќе обезбедат вработување на близу илјада луѓе. Најмалку 300 од овие бизнисин ќе бидат на евидентирани невработени лица до 29-годишна возраст.
Владата доделува по 3500 евра во проектот кој подразбира обука за претприемништво, помош за развивање на бизнис план и регистрирање на дејност, опрема, материјали и менторство.
На огласот кој го распишува Агенцијата за вработување ќе бидат избрани 1500 лица за обкука за претприемништво. 1050 ќе добијат поддршка за изработка на бизнис план, а од нив 920 и грант за почнување на бизнисот. Во 50 случаи каде постои добро образложена потреба, ќе се додели грант за вработување на уште едно лице.
За најуспешните 15 кандидати со бизнис планови кои имаат најголем потенцијал за раст грантот се зголемува, а доколку кај нив е потребата за уште едно вработување вкупната поддршка достига 5600 евра.
За лицата кои ќе се самовработат важат и условите од проектот Македонија вработува, односно ќе бидат ослободени од плаќање на социјални придонеси и персонален данок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.