Зоран Заев побара од Катица Јанева да му ги достави сите материјали кои обвинителството ги има за случајот „ПУЧ“, со цел да ги чува на безбедно место заедно со другите „бомби“.
Заев своето барање го образложи со тоа што само тој во Република Македонија знае како на сигурно се чуваат материјали.
Министерот за Внатрешни Работи Оливер Спасовски потврди дека ниту МВР нема капацитети да ги чува хард-дисковите со доказните материјали и апелираше до специјалната обвинителка да го послуша барањето на партискиот лидер Заев.
„Поедноставно ќе е кога на едно место ќе се сите материјали, и оние кои само Заев знае да ги чува како што се „бомбите“, но и другите материјали кои во моментов не се безбедни во рацете на Катица Јанева“, потврди Спасовски.
Заев предложи и начин како да се гарантира безбедноста на материјалите во текот на целиот процес.
„Бидејќи не може никој да ги чува како јас материјалите, сите на купче на едно место како што апсолутно треба да се, не ни мора обвинителката Катица да ги презема, може да дојде на тајното место каде што ги чувам под клуч и таму да ги гледа, или за да не се мачи може да ме праша за некои материјали и јас ќе и кажам се што ја интересира“, изјави Заев.
„Али најдобро е на едно место да си ги имаме сите материјали, под клуч. И тие што се за Пуч со скајпот на Верушевски и овие моите кои ги чувам и тие што се за извоз кои досега беа на безбедно во Чаир, а сега се на небезбедно во обвинителството“, додаде лидерот на СДСМ.
Заев предложи чувар на клучот каде што ќе се материјалите да биде негов човек од доверба, лицето Захир Бекири.
„Ќе признаете има и рима во мојата желба Чауш да го чува Веруш, со што се потврдува дека оваа желба е исправна и апсолутно кристално чиста демократска“, рече Заев.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст