Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во просториите на Министерството за култура оствари работна средба со Абдулазиз ал Калди, директор на Институтот за културно наследство на емиратот Шарџа од Обединетите арапски емирати. На средбата, на која присуствуваа заменик-министерот за образование Спиро Ристовски, амбасадорот на Републука Македонија во Обединетите арапски емирати Сашо Ташевски и директорот на Националната установа „Струшки вечери на поезијата“ Мите Стефоски, беа разменети мислења околу идните планови и проекти кои ќе ги интензивираат културните врски меѓу двете земји.
На средбата, гостинот од ОАЕ истакна дека Република Македонија е земја со богата историја и култура и токму затоа од особена важност е воспоставувањето на односи во областа на културата, како и поголема размена на проекти и уметници.
Соговорниците разговараа за можноста следната година, кога се одбележуваат 20 години од воспоставувањето на билатерални односи меѓу Република Македонија и Обединетите арапски емирати, да се потпише и меморандум за соработка во областа на културата, документ кој ќе биде правна основа за реализација на проекти меѓу двете земји. По повод големиот јубилеј, беше разгледна и можноста во 2016 година во Обединетите арапски емирати да биде организирана Недела на македонската култура во чии рамки ќе бидат прикажани различни сегменти од македонските културни вредности.
Министерката за култура Канческа-Милевска информираше и за многубројните капитални инвестиции кои Владата на Република Македонија и Министерството за култура ги реализираат во сите сегменти од културното живеење, а ја посочи и можноста издавачките куќи од Обединетите арапски емирати да аплицираат на конкурсот на Министерството за култура наменет за странските издавачки куќи кои се заинтересирани во својата земја да преведат дела од македонската книжевност. Беше потенцирано и значењето на поголемо учество на поети од оваа земја на светски реномираната манифестација „Струшки вечери на поезијата“, како и на фестивалот „Охридско лето“, а гостите од ОАЕ упатија покана следната година Република Македонија да учестува на реномираниот фестивал на културно наследство, кој има еден милион посетители на годишно ниво. Исто така, беше разгледна и можноста за промоција на македонската литература на реномираниот Саем на книгата кој секој ноември се одржува во оваа земја.
На средбата стана збор и за интензивирање на соработката во областа на образованието, при што беше потенцирана и важноста од потпишување меморандум за соработка преку кој ќе се овозможи меѓууниверзитетска соработка, отворање на катедра на арапски јазик во нашата земја, како и стипендирање на кадри од областа на техничките науки, историјата, литературата и други сфери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст