Утре, в недела, на 14 април во 10.30 часот во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи Женска трка, која е дел од промотивните трки на претстојниот Скопски маратон 2013. Настанот е во организација на Сојузот на спортовите на Скопје, кои со ова сакаат да ја мотивираат жената да се рекреира. Со оглед на фактот дека жените имаат сe повеќе обврски, а сe помалку време за себе, ризикот од заболувања е поголем.
Ова е прва ваква трка кај нас. Вакви трки се одржуват во целиот свет, а целта им е да ја подигнат свеста кај жената за рекреација. Организаторите порачуваат дека никогаш не е доцна да се почне со физичка активност.
На трката ќе учествуваат околу 500 пријавени жени. Една од промоторите на настанот е Весна Kираџиска, актуелна рекордерка на Македонија во полумаратон и најдобро пласирана учесничка на минатогодишниот Скопски маратон. Промоторка е и Искра Јовановска, скопјанката која преку социјалните мрежи “Твитер” и “Фејсбук” ја формира групата “Трчаме заедно”, иницијатива за мотивирање на жената да се рекреира и да води здрав начин на живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.