Во Москва денеска беше промовиран парфемот „Лидерс намбр 1“, за чие производство, според неговиот творец, инспирација му бил рускиот претседател Владимир Путин.
Како што објави рускиот магазин за мажи „Лидер“, парфемот, кој е дело на белорускиот производител на парфеми Влад Рекунов, ќе се најде во продажба од 20 јануари идната година.
Прафемот „Лидерс намбр 1“ ќе биде произведен во ограничени количества од само 1.000 примероци и едно шише од 100 милилитри ќе чини 6.000 рубљи (78 евра),
Амбалажата на парфемот е црна кутија на која се наоѓа ликот на рускиот претседател со сребрена боја, под кој пишува „Инспирирано од Владимир Путин“.
Дел од средствата заработени од продажбата на овој парфем ќе бидат донирани во Домовите за деца без родители и за лекување на деца со сериозо заболувања
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст