| четврток, 6 декември 2018 |

Поради загадувањето: Прекината наставата во училиштата во Сараево

Во основните и средните училишта на Кантонот Сараево денеска нема да се одржи настава поради зголемување на загаденоста на воздухот, одлучи кантоналното Министерство за образование, наука и млади.

Причина за прекин на наставата е податокот дека зголеменото загадување на воздухот во подолг период, според некои информации, најдолг во последните децении, предизвикало здравствени тегоби кај голем број деца.

Во соопштението на Министерството се наведува дека голем број родители барале министерот да ја прекине наставата во училиштата на подрачјето на кантонот Сараево.

Од ресорното Министерство соопштија дека наставата во основните и средни училишта на Кантонот Сараево денеска нема да се одржи настава иако вредноста на параметри значајни за утврдување на степенот на загаденост на воздухот не се зголемени на ниво кое налага мерки од трет степен (епизода на тревога) во кои спаѓа и можноста за прекин на наставата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top