| четврток, 6 декември 2018 |

Милан тргнува во офанзива, во зимскиот преоден рок е подготвен да потроши многу пари

mihajlovic i galijani

Екипата на Милан во летниот преоден рок потроши приближно 100 милиони евра за засилувања, но не ги оправда очекувањата за искачување кон врвот на табелата и обезбедување на место кое води во Лигата на шампионите следната сезона.
Стручниот штаб заедно со тренерот Синиша Михајловиќ кој е цел на критики за слабите резултати, состави листа на потенцијални засилувања во јануарскиот преоден рок.
Управата на клубот подготвува дополнителни средства за да го засили тимот за вториот дел од сезоната. Четирите фудбалери кои не успеаја да ги доведат во летниот преоден рок, сеуште се актуелни и седумкратниот европски шампион ќе испрати понуда до клубовите.
На „радарот“ се фудбалерот на Севилја, Евер Банега, долгогодишната желба од Зенит, Аксел Витсел, Жанели Имбула од Порто и Роберто Соријано од Сампдорија.

Според информациите од Милан клубот веќе испратил првична понуда до Севилја за одличниот дефанзивец од средниот ред, Банега но за него сериозно заинтересиран е и Јувентус.
Витсел беше на чекор од Милан во летниот преоден рок, меѓутоа до такво нешто не дојде. Неговата цена се движи околу 30 милиони евра, и повторно „росонерите“ ќе се обидат да испратат добра понуда до Зенит. Негова алтернатива е одличниот фудбалер на Порто, Жалени Имбула. Тој би можел да пристигне на позајмица во јануари, со можност за откуп на неговиот договор следното лето.

Последен фудбалер кој би можел да го засили тимот на Синиша Михајловиќ е Роберто Соријано од Сампдорија, кој исто така беше поврзуван со трансфер во Милан во текот на летото, а за него постоеше интерес од Наполи и Јувентус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top