Пристапот до пештерите, според него, е тежок, но и не биле проучувани од спелеолозите. Тој вели дека општината ќе се заложи за пробивање на патеки, што ќе овозможат пристап и нова атракција за посетителите.
– Треба да се направи полесен пристап до трите пештери, кои досега никој не ги видел и не ги проучувал. Освен изворите, очекуваме да бидат нова туристичка атракција во Вевчани, истакна Угриноски.
За туристите, тој посочи дека внимание привлекува и воденицата што се наоѓа во близина на изворите и е единствената, која останала да функционира. Градоначалникот се присети дека Вевчани било познато по воденици. Порано имало над 40, а во моментов работи само една.
– Во мометов работи само една воденица и доста е атрактивна. Ништо не е сменето кај неа, работи на стар принцип, со дрвени изработки е и врти каменот, како што било пред 100 години. Вевчани било познато во целата околина. Од Охрид и Струга доаѓале тука со коњи и магариња да мелат жито, рече Угриноски.
Според единствениот воденичар Ратко Радиноски, неговата воденица е вистинска туристичка атракција, каде доаѓаат голем број посетители, но и пченкарното брашно што излегува од воденичарскиот камен било многу барано.
– Оваа воденица по мое сознание градена е негде од 1880 година. Сега во последните пет шест па и десет години, нема ден да не влезат тука по 200-300 странци, посебно холанѓани, посочи Радиноски.
Градоначалникот Угриноски пак, ги повика вевчанци, особено оние повозрасните, пензионерите да му се вратат на воденичарскиот занает.
– Дел од старите воденици можат да се активираат со мала реконструкција, а на дел доводот на водата им е уништен, изградени се нови објекти, истакна Угриноски, кој подвлече дека општината планира со изградбата на новиот плоштад пред општинската зграда да направи ресторан воденица, под кој ќе тече вода, што дополнително би привлекло туристи.
За граѓаните и туристите направени се четири видиковци на Јабланица, а покрај нив има и места за храна на животни, поилишта и соларници, да можат гостите да видат и некое животно од богатата Јабланица.
Вевчани работи и на развивање на спортскиот туризам, за што се направени велосипедски патеки на планината Јабланица, а според градоначалникот резултати дава и новоизградената спортска сала.
– За подобар туризам барам помош и од граѓаните да градат сместувачки капацитети и да се ангажираат да се насочат кон развојот на туризмот. Тука да бараат свое вработување. Вевчани има услови и може да се живее од туризмот. Рестораните добро работат, но немаме сместувачки капацитети. Туристи се јавуваат и бараат сместување за Нова година, мислам дека се е издадено, а исто ќе биде и за карневалот, нагласи Угриноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст