Државната изборна комисија (ДИК) одби 13 од вкупно 17 приговори на ВМРО-ДПМНЕ за Струга, и бидејќи прифатените приговори со бројот на гласови од избирачките места на кои се однесуваат, 1487, не може да влијаат на конечниот исход, бидејќи разликата меѓу кандидатите е околу 5000 гласа, прегласување нема да има, и Зиадин Села од ДПА останува градоначалник во градот на Дрим.

Во ДИК ќе бидат донесени и две гласачки кутии од Струга за да се утврди дали во нив биле уфрлени повеќе гласачки ливчиња од бројот на регистрирани гласачи, поради сомневањето дека се гласало по принципот „бугарски воз“.
Двата прифатени приговори се резултат на усогласеното гласање на претставниците во Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Поради ова членовите од ДУИ, Субхи Јакупи, и од ДПА, Бедредин Ибраими, обвинија за гласање по етничка припадност.
За останатите приговори на владеачката партија, претставниците на СДСМ гласаа против или воздржано што беше причина за меѓусебни обвинувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


