| четврток, 6 декември 2018 |

Лажен труднички стомак за криење на бомба – уапсена брачна двојка во Франција

Француската полиција упаси брачна двојка во Монпеље под сомневање за радикализам. „Овие лица имаат крајно загрижувачки профил, и тоа што го откривме уште повеќе“, изјави за весникот „Миди либр“ извор близок до антитерористичките сили, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Имено полицијата открила во домот на Камиј, 23-годишна Французинка која ја променила верата во ислам и на нејзиниот сопруг Французин со потекло од Чад, лажен стомак за бременост купен на интернет. Стомакот бил завиткан со алуминиум, средство кое може да излаже некои контролни врати во продавниците. Младата жена тврди дека станува збор за средство кое би и дозволило полесно да краде од продавниците.

„Миди либр“ на Интернет објави фотографија од лажниот стомак.

Но истражните органи се сомневаат во оваа веризја. Се верува дека стомакот бил за во него да се сокрие бомба, со која подоцна девојакта би се разнела. Од една страна, младата жена неодамна добила големо наследство, кое и дозволила финансиска стабилност на брачниот пар, иако веќе потрошила добар дел од наследството дарувајќи стотици илјади евра на ригорозни муслимански пријатели.

Истоврмеено полицијата констатирала дека Камиј преминала кон радикална практика на исламот. Покрај тоа што излегувала забулена од глава до петици, таа поминувала со часови на интернет да ги гледа злосторствата на Исламската држава и Ал каеда.

Другиот елемент, кој ги загрижи истражните органи е што таа имала пребарувања за жените-камикази и изразила желба да умре како „страдалничка“ во Сирија, нејзиниот сопруг прифатил да ја следи. Дали лажниот стомак требало да и помогне во нејзините терористички планови останува да се утврди.

За време на притворот, Камиј ниту еднаш не легнала на креветот во ќелијата, таа цело време останала простум или на колена молејќи, изјавил еден од полицајците. Брачната двојка е во домашен притвор и истрагата е пренесена пред антитерористичкото обвинителство во Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top