Одржувањето на лична хигиена е многу важно за нашето здравје. Ова особено важи кога е во прашање миење на рацете и најинтимните делови од телото. Но, наместо агресивните антибактериски сапуни, за бањање и туширање, подобро би било да користите некој поблаг сапун на база на природни состојки или обична вода.
Работата е во тоа што со претераната употребата на козметички средства ние од нашето тело ги измиваме не само потенцијалните шетни бактерии туку и оние добрите кои се неопходни за одржување на природниот баланс на кожата но и целокупниот имунитет.
-Кога секој ден детално ќе се измиеме со сапун ние од кожата симнуваме и многубројни добри бактерии, кои имаат улога да не заштитат од појавата на акни или екцеми и да го чуваат нашиот имунолошки систем. Најдобро би било сапунот со антибактериско дејство да се користи еднаш до два пати неделно или кога баш ќе се извалкаме – појаснува доктор Робин Четкан и додава: Малку нечистотија не ги предизвикува болестите , туку претерано чиста кожа. Секојдневно треба со сапун да се мијат рацете, пазувите и препоните, а за остатокот од телото сосема е доволна и обичната вода – вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.