| четврток, 6 декември 2018 |

Сакс: ЦИА мора да престане да урива и дестабилизира влади

obama-turciq-trqbva-da-zatvori-dupkite-po-granicata-si-sys-siriq-341924САД треба да прекинат со тајните операции на ЦИА чија цел се уривање и дестабилизирање на влади било каде во светот, истакнал професорот на Универзитетот Колумбија, Џефри Сакс во авторски текст посветен на Блискиот исток.

Американскиот претседател може и мора со извршна наредба да ги прекине тајните операции на ЦИА и со тоа да стави крај на несаканите последици и злосторства кои се случија пред се на Блискиот исток, истакнал Сакс во текстот.

Во одговор на прашањето што да се направи на Блискиот исток, тој наведува дека САД мора своите некогаш оправдани надворешнополитички цели да ги спроведе преку Советот за безбедност на ОН.

– Моменталниот пристап на градење на „коалиција на подготвени“ предводени од САД не само што не е успешен, тој исто така значи дека дури и правилните цели на САД како што е сопирање на ИД се блокираат со геополитичкото ривалство, додава Сакс.

Според неговите зборови, кога Советот за безбедност во 2003 година одбил предлог за војна во Ирак, ќе било попаметно за Америка да се воздржи од напад, а кога Русија се спротивставила на уривањето на сирискиот претседател Башар ал Асад би било попаметно САД да се воздржат од тајни операции за негово уривање од власт.

– Сега целиот Совет за безбедност ќе се обединеше околу глобалниот (но не американскиот ) план за борба против ИД, оценува професорот.

Тој исто така истакнува дека САД и Европа треба да ја прифатат реалноста дека демократијата на Блискиот исток ќе произведе многу победи на исламистите на изборите.

– Многу избрани исламистички режими ќе пропаднат како што тоа се случува со многу влади. Тие ќе бидат сменети на следните избори, или на улица, или тоа ќе го сторат локалните генерали. Но, нови обиди на Британија, Франција и САД да ги држат сите исламисти подалеку од власта само оневозможуваат политичко созревање во регионот, додека всушност не носи успех ниту долгорочна корист, смета тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top