| четврток, 6 декември 2018 |

Спасени речиси 800 бегалци во Средоземно Море

brodMigranti1

Речиси 800 бегалци се спасени во Средоземното Море, а пронајдено е и тело на еден починат мигрант, соопшти италијанската крајбрежна стража.

Вкупно 782 лица се спасени во осум посебни операции крај либискиот брег во кои учествувале бродови на Лекари без граници, на италијанската морнарица и либериски трговски брод. Бегалците со гумени и дрвени чамци сакале да преминат во Европа.

Во обидите да го преминат Средоземното Море годинава загинале вкупно 3692 мигранти, соопшти Меѓународната организација за миграција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top