| четврток, 6 декември 2018 |

Водителот пиел и се коцкал пред финалето, па не е ни чудо што прочита друга Мисица

Водителот и комичарот Стив Харви (58) кој го шокираше светот на изборот на Мис Универзум, пиел и се коцкал две ноќи по ред пред изборот, пишува “ТМЗ”, кој објави и неколку фотографии на кои се гледа како водителот игра рулет.

voditel-mis-univerzum

 

Имено, Харви пред милионската публика прогласи погрешна победничка и тоа колумбиската мисица Ариадна Гутјерез. Но, откако таа ја доби круната и громогласен аплауз од публиката и своите навивачи, Стив изјави дека погрешил и дека погрешно ја прочитал картичката.

 

Колумбијката беше прва придружничка, а вистинската победничка била Филипинката Пиа Вурцбач. Пиа збунето ја прифати круната, а подоцна изјави дека нејзината победа била “неконвенцијална и прикладна за 2015 година”.

1voditel-mis-unoiverzum

Но, иако Ариадна изјави дека е среќна и задоволна бидејќи се се случува со причина, колумбиската амбасадорка во САД, Марија Изабел Нието, смета дека мисицата ќе има сериозни трауми од немилиот настан.

2voditel-mis-univerzum

“Тоа многу ја погоди. Психолошко мачење е да и се одземе титулата, а ќе има трауми од моментот кога и ја тргнаа од главата”, вели таа.

Некои обожаватели на колумбиската мисица сметаат дека целата работа е претстава за јавноста и дека сето тоа го наредил Доналд Трамп, сопственикот на лиценцата за изборот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top