Бунтот што го води терористичката група Боко Харам спречува повеќе од милион деца во Нигерија да одат во училиште, соопшти Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), и нагласи дека недостигот на образование може да поттикне уште поголема радикализација во таа и во околните земји.
Повеќе од 2.000 училишта се затворени на територијата на Нигерија, Камерун, Чад и Нигер, додека стотина други од припадниците на Боко Харем се нападнати, ограбени или запалени во напорите да создадат независна Исламска држава, додава УНИЦЕФ.
Претседателот на Нигерија, Мухамед Бухари и нареди на војската да го задуши бунтот на Боко Харам до крајот на месецов, пренесуваат нигерските медиуми.
Меѓутоа, дури и ако успеат во тоа, експертите сметаат дека владата ќе мора да се бори со општествените превирања, бидејќи цела една генерација на деца отсуствувала од училишните часови.
– Колку повеќе се надвор од училиштата, поголем е ризикот да ги злоставуваат, киднапираат или да ги регрутираат во вооружени групи, изјави регионалниот директор на УНИЦЕФ – за западна и централна Африка, Мануел Фонтејн.
Боко Харам значи „западната едукација е забранета“, а мета на таа териристичка група се училиштата, студентите и наставниците.
Така припадниците на Боко Харам упаднаа во училиште во градот Чибоку на 14 април 2014 година и киднапираа 276 ученички кои се подотвуваа за своите годишни испити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.