Во петок (25 декември) Дансинг салата во МКЦ ќе ја тресе музичкиот микс од творештвата на „Фанк шуи“, „Плутос даутс“, „Чиста околина“, „Фулиш грин“. Освен ова МКЦ ќе го тресе и необичниот начин на обезбедување влез за музички наастан. Оној што не може да си купи карта ќе може да влезе испраќајќи работна биографија на: stosetresevomkc@gmail.com со задолжително со назнака: [CV] име и презиме, најдоцна до 23 декември.
Тие ќе им бидат испратени на поддржувачите на овој настан. Значи, освен забава може да добиете и вработување.
Покрај основната цел, која бездруго стреми кон тоа пријатно да ве растресе, настанот нуди мало богатство од комплементарни искуства и потенцијална корист. Со партиципирање, си обезбедувате повеќечасовна бура на идеи поддржани од видеопроекции, концептуална изложба на дела во склоп на основната сценографија (благодариме Ивана Пирковска. Селекцијата на бендовите што ќе настапат на оваа вечер е на Драги Иванов.
Кого ќе слушате на 25 декември?
PLUTO’S DOUBTS (www.facebook.com/plutosdoubts)! Бендот што оваа есен се излизга како овошен бокал на радиобрановите и ги заинтересира девојките да научат што значи „аршин“ (и со тоа секако придонесе кон збогатување на речникот меѓу младата популација), бендот што е бенд и е опасно во тренд. Одржувајќи го принципот на растечка атмосфера, наредни ќе ве преземат сензационалните FOOLISH GREEN (www.facebook.com/foolishgreenmusic), кои ќе ја освежат сцената на свој начин. Градот е во љубов со нив и тоа е добро позната приказна, етаблирана со стил и проткајана со заводливост.
Последни ќе настапат „Чиста околина“. За нив нема збор, оти се почеток на нашиот збор, за да го избегнеме парадоксот најавувајќи ги, го предлагам следниов концепт: затвори очи/затвори уши и за момент проектирај се во трескавична толпа носена од „Јас сум шеф“, „Ѕвонарот на дикцијата“, „Пуздер“, „Нешто блиску до реума“…
Ќе настапат и искусните мелодиски волци FUNK SHUI (www.facebook.com/shuithefunk), така и се потпишуваат. Еден час ќе ве тресат, интензивно, на моменти дури грубо. Со два албума зад себе и концепт за одржлива треска пред себе, ако досега не сте им дозволиле да ве поведат, ова е суперможност и крајно време за тоа!
Влезниците се во претпродажба уште од 7 декември и чинат 150 денари, а на врата ќе чинат 200 денари. За сите што не можат да платат влезница може да влезат испраќајќи ја работната биографија, која потоа ќе патува до претпоставените на компаниите, кои го поддржаа овој настан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст