| четврток, 6 декември 2018 |

Еден милион бегалци годинава влегле во Европа, a 3.000 се водат како исчезнати

Бројот на бегалци кои во текот на 2015 година влегле во Европа по копнен или морски пат надмина еден милион, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Бројот на бегалци пристигнати оваа година на европскиот континент порасна во однос на минаната година, пренесува „Би-Би-Си“.

deca-begalci-kos-640x396

Бројката од еден милион е премината од вчера, соопшти ИОМ и наведе дека преку море и копно во Европа пристигнале 1.005.504 бегалци. Овој податок се однесува на влезот на бегалците преку Грција, Бугарија, Италија, Шпанија, Малта и Кипар.

Поголемиот број на бегалци пристигнале по морски пат од Турција во Грција, преку 800.000. Меѓу бегалците најмногу се Сиријци – 455.000, Ирачани и Авганистанци. ИОМ соопшти дека на патот кон Европа се удавиле, или се водат како исчезнати вкупно 3.695 бегалци, пренесува Танјуг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top