Иако досега мислевме дека Шкорпиите и Лавовите се асоцијација за најљубоморни знаци, астрологијата не демантираше и ги прогласи апсолутните победници.
Станува збор за следните знаци…
Овен
Припадниците на овој знак се болно посесивни и сакаат на партнерот да му ја одземат целата слобода. Често се вљубуваат во оние кои тешко може да ги освојат и не признаваат пораз се додека потполно психички не се уништат.
Доста се несредени. Кога ќе видат дека сте биле во право нема да ви признаат, тие никогаш не ги признаваат своите грешки. Тие не веруваат во хороскоп. Немаат нежност, себични се и нападни, не му се препуштаат на партнерот туку сакаат тие да ги диктираат правилата.
Рак
Посесивни до крај, умеат да се навредат ако обично „добро утро“ не сте го посакале во правилна интонација. Го менуваат расположението како ќе им текне , а со емотивна потреба да тормозат некого често пати го мамат и лажат партнерот.
Ако ги обвините за лага дури тогаш ќе имате проблем. Ќе плачат и тажат со денови. Ракот ја менува својата личност од крајност во крајност – еден ден ќе се претвори во вашиот најлош непријател и емотивен садист, додека следниот ден ќе биде повторно онаа стара личност со блага амнезија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.