Џек Дорси често работи по 18 часа на ден, но не располага со биро ниту во „Square“, ниту во „Twitter“, двете компании, во кои тој е извршен директор.
Дорси веќе неколку месеци раководи истовремено и со двете компании, од кои секоја се наоѓа во важна фаза од својот развој.
„Square“ неодамна стана јавна компанија, а „Twitter“ се обидува да го спречи намалувањето на растот на корисниците, додека цената на акциите е на рекордно дно.
Дорси утрото го минува во „Twitter“, а попладне оди во „Square“. Изгледа нешто од што 39 годишниот Дорси нема потреба е биро, кое го нема во ниту една од двете компании. Тој постојано се движи меѓу овие две канцеларии, кои се наоѓаат на една уличка растојание во Сан Франциско.
Тој е познат по тоа дека се придржува кон програма, според која прави определени работи, во одредени денови од неделата.
Во понеделникот, на пример, тој одржува петчасовен состанок со највисокото раководство на „Twitter“, кое се состои од осум лица, вклучувајќи го главниот финансиски директор Ентони Ното и претседателот Адам Бејн.
Во 13:30 попладне тој оди во „Square“ каде што го прави истото.
Дорси, кој е и во бордот на директори на „Walt Disney Co“, се консултира и со главниот извршен директор на „Disney“, Роберт Ајгер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.