| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе ве изненади победникот во категорија филм со најмногу грешки во 2015

free_desktop_wallpaper_logo_movie_mistakes_1024x768

Изданието „Movie Mistakes“ во изминатите години прави рангирање на филмовите со најмногу грешки. Оваа година компанијата ги оценувала грешките во над 8 000 филма и резултатот за тоа кој е лидер во негативната оценка е малку изненадувачки.
Победник во категоријата за грешки е „Брзи и бесни 7“. Според весникот, изненадувачки е бројот на грешките во филмот. Во „Брзи и бесни 7“ од „Movie Mistakes“ пронашле вкупно 41 грешки.

Furious7_TB_mk

И додека некои од нив се тешко забележливи, постојат такви, кои гледачите можат лесно да ги забележат. Како пример за таков се наведува моментот кога Елена му вели на Дом, дека Хобс е со скршена клучната коска и има фрактура на ногата на две места. Кога камерата се врти кон него, се гледа дека тој е со завој на глава и раката, а се друго му e во ред.

Jurassic-naslovna1-600x375

На второто место со негативната оценка за оваа година се наоѓа „Џурасик парк“ со 33 грешки, потоа „Марсовец“ со околу 20 грешки. Според изданието оваа година само седум филмови имаат повеќе од 10 грешки.

300185-met-dejmon-e-marsovec

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top