Новата зграда на ЈП „Водовод и канализација“ под Кале се гради забрзано. Во моментов привршува поставувањето на внатрешните инсталации, лифтовите веќе се монтирани, а при крај е поставувањето на системот за ладење и греење. Ако работите продолжат со истата динамика, зградата ќе биде готова до крајот на април.
Службите ќе бидат сместени по катовите, а во приземјето ќе функционираат пунктовите за корисниците. Планирано е да има вкупно 15 шалтери, што е тројно повеќе од сегашниот капацитет.
Според проектот објектот ќе биде на пет ката со потпокрив и подземен паркинг на три нивоа кој ќе има капацитет за 115 возила. Фасадата на зградата ќе биде во барок стил, а се гради по идејно решение на Жарко Чаушевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.