Денеска на плоштад „Македонија“ во 11 часот ќе се промовира 18. број на уличното списание „Лице в лице“, посветен на тема: образование и реформите кои (не) му се случуваат во последниве години.
Продавачите на „Лице в лице“, во друштво на млади луѓе, дел од македонската твитер заедница, ќе го понудат новото издание на списанието заедно со „паметно колаче“ со поздрав/порака од генијалецот и еден од највлијателите луѓе во светот, Алберт Ајнштајн.
Меѓу пораките ќе се кријат и „наградни“ колачиња за тројца читатели, кои ќе имаат можност да добијат годишна претплата на списанието.
На кавер страниците на најновиот број на „Лице в лице“ се третоодделенката Јана Перовска од паралелката „Малите бувови“, од основното училиште „Мирче Ацев“ во Скопје, како и едукаторката Весела Богдановиќ, една од 50-те најдобри наставници во светот.
Автор на насловната фотографија е Томислав Георгиев, а зад концептот и дизајнот стои агенцијата „Холистик“.
„Лице в лице“ е улично списание кое што го продаваат припадници на маргинализирани групи, при што половина од продажната цена оди директно за продавачот, а втората половина се користи за развој на програми во кои што се вклучени овие лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст