Во Кичево за прв пат преку волонтерска акција е изградена Еко-зелена куќичка за чија изградба се искористени повеќе од 1.500 рециклирани пластични шишиња. Куќичката има рециклирачка природа и во иднина ќе се користи за одгледување на цвеќиња и расад како би се зголемило зеленилото и еколошката свест во Општина Кичево. Во рамки на волонтерската акција преку која е изградена Еко-зелената куќичка учествуваа 40 волонтери од повеќе младински невладини организации и од Извидничкиот одред ,,Мирко Милески”, каде и се наоѓа локацијата на Еко-зелената куќичка.
Оваа волонтерска акција беше спроведена од страна на Центарот за истражување и развој на општеството ВИЗИО во соработка со Младинскиот образовен форум, и е во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество.
Иницијативата е поттикната самоиницијативно од неформална група млади кои во својот град сакаат да започнат со внесување нови идеи за тоа како да ја подигнат јавната свест за практично и креативно искористување на јавните простори во заедницата, а притоа да обезбедат место кое ќе помогне во раззеленување на општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.