Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје денеска ќе се одржи традиционалната поетска манифестација „Денови“ посветена на чествувањето на поетот Кочо Рацин.
Во рамки на манифестацијата ќе биде промовирана и првонаградената стихозбирка „Постела на тишината“ од Марина Мијаковска, овогодинешниот добитник на наградата „Бели мугри“.
„Постела на тишината“ е петтата стихозбирка на Мијаковска. Составена е од 51 лирска песна поделени во три носечки циклуса – Тишина по рабовите на страниците, Постела на тишината и Кочо Рацин (Во писмото на тишината)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.