| четврток, 6 декември 2018 |

Осми „Роднокрајни поетски средби“

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ на 27 декември 2015 година, недела, со почеток во 20:00 часот во прекрасниот простор на „Сцена 112“ ќе ги одржи осмите по ред „Роднокрајни поетски средби“.

Како дел од оваа манифестација ќе се одржи и промоција на првата стихозбирка „Јас, Квентин Скриблер“ на Јосип Коцев.

5929c37d-88f8-46b5-928b-45f2c563728d

Покрај стандардните роднокрајни поети и автори, на осмите по ред „Роднокрајни поетски средби“ со своја поезија ќе се претстават и Давор Крстевски и Иле Наумов од Куманово, поети познати на книжевната сцена во Македонија. За музичкото интермецо ќе се погрижат Тони Пецанов (бандонеон) и Виктор Галев (саксофон).

Јосип Коцев е роден на 25.05.1985 во Скопје. Завршил правни студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во блог заедницата и на социјалните мрежи е познат како Quentin Scribbler, псевдоним под кој твори од 2008 година. „Јас, Квентин Скриблер“ е негова прва книга, која содржи најголем дел од поетското творештво создадено во периодот меѓу 2008 и 2014 година.

Овој настан има за цел да ги зближи роднокрајните автори и да креира јадро за запознавање, презентација и промоција на истите, истовремено да и понуди на публиката автори од Македонија и странство кои досега не настапувале во градот, а ја имаат желбата тоа да го направат пред публиката која со будна уво и душа е спремна да го чуе секој нов стих напишан од оние кои се презентираат. Самата цел на настанот е доближување на творештво поблиску до читателите и афирмација на роднокрајното творечко перо. По успешно реализираните седум изданија на оваа манифестација, на сцената на роднокрајни поетски средби досега учество зедоа повеќе од педесет автори од Струмица, регионот и пошироко.

e7a3e325-4769-47d0-9151-abb06d0b77a1

Со осмите „Роднокрајни поетски средби“ здружението „Контекст – Струмица“ и официјално ги завршува своите активности за оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top