| четврток, 6 декември 2018 |

Филмот „Име си е име“ на „јутјуб“

Филмот досега беше прикажан во повеќе од 30 градови во светот вклучувајќи ги Австралија, Северна Америка и Европа, како и кај нас за македонската публика. Филмот „Име си е име“ е достапен каналот на „јутјуб“ : WithMacedonia со превод на македонски и англиски јазик.

Филмот „Име си е име“ кој е снимен во 2008 година е документарен филм за една нација која е заложник поради сопственото име. Снимен како класичен „патеписен филм” тој е реализиран во меѓународна соработка со режисер од Исланд, американски продуцент, наратор од Британија и музика од меѓународни и македонски поп ѕвезди вклучувајќи го и Норвежанецот Мортен Харкет од групата „А-ха“

Режијата е на Сигурјон Еинарсон, нарација Сер Ендру Моушн , продуцент е Џејсон Мико, копродуцент Александар Билбилов  а продуцент „3Д“ од Македонија. Музиката во филмот е од повеќе автори меѓу кои Мортен Харкет, Еарт Афер, Сигур Рос, Мум, Кирил Џајковски, Греам Неш, Тоше Проески и Монте-Негро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top