Шкотскиот тенисер Енди Мареј е прогласен за спортска личност на годината во Велика Британија. Големото признание Мареј го добива по вторпат откако во 2013 година истотака го понесе ова признание како резултат на две освоени грен-слем титули таа сезона.
Оваа година тој имаше голема конкуренција во рагбистот Кевин Синфилд, атлетичарката Џесика Енис-Хил, но и боксерот Тајсон Фјури и светскиот првак во Формула 1, Луис Хамилтон. Најважната причина поради која Мареј го доби признанието е освојувањето на Дејвис купот, прва титула во ова натпреварување за Велика Британија по 1936 година.
– Победата во тоа натпреварување е крај на едно петгодишно патување. Ние бевме многу ниско ниво во тенисот, а сега сме на врвот – изјави Мареј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.