Извештајот под назив „65.000 џихадисти во Сирија подготвени се да ги заменат борците на ИД ако падне калифатот“, меѓу останатото наведува и дека Западот прави стратешка грешка со тоа што сите свои сили ги насочува против Исламска држава, додека останатите милитантни групи ги занемарува, пренесува Раша тудеј.
Дури 65 отсто од борците во Сирија можат да се класифицираат како исламисти кои имаат слични цели како и ИД. Тие борци се припадници барем на 15 различни милитантни групи кои не се поврзани со ИД, а кои Западот во поголем дел ги игнорира.
Наводно, дури помалку од една четвртина милитантни групи се присутни на сириско тло пред настанокот на ИД. Сепак, се покажало дека припадниците на тие групи сеедно се согласиле да се борат за ИД и да го прифатат нивното водство.
– Фокусирајќи се само на борбата против ИД, Западот ризикува стратешки неуспех. Дури и ако победат во војна која ја водат во Сирија, џихадизмот нема на тој начин да се укине. Идеологијата не може да се бомбардира, наведува извештајот, што го пренесува „Гардијан“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!



