| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје ќе се гради нов Универзитет „Мајка Тереза“

Во Скопје ќе се гради нов Универзитет најави претседателот на Владата Никола Груевски. Тој денеска го најави отворањето на нов универзитет „Мајка Тереза“ кој што ќе работи на три јазици и тоа на македонски, албански и англиски.

Покрај тоа што ќе има професори од странство, на Универзитетот ќе има и студенти од странство. Предвидено е да има 17 студиски програми и истиот да почне со работа од следната академска година.

Локацијата на новиот Универзитет, според предвиденото, е да се гради кај касарната Илинден.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top