Актуелниот шампион Баерн Минхен ја потврди информацијата дека Пеп Гвардиола на крајот од оваа сезона го напушта тимот и на негово место на клупата на баварскиот гигант доаѓа Карло Анчелоти. Пеп Гвардиола ја напушта „Алијанц арена“, а на негово место ќе дојде Карло Анчелоти.
– Благодарни сме за сѐ што Гвардиола му даде на нашиот клуб и се надеваме дека ќе славиме уште успеси и следната сезона. Во Анчелоти ќе имаме уште еден многу успешен тренер кој ќе дојде во Баерн. Едвај чекаме да работиме заедно – изјавил извршниот директор на клубот, Карл-Хајнц Румениге за „Билд“.
Ова е само нов степен во развојот на нова трансфер-приказна, која сигурно ќе го доведе Гвардиола во Англија. Се шпекулираше од порано дека е заинтересиран да седне не клубата на Челси, Манчестер јунајтед или Манчестер сити, а уште погласно откако Мурињо доби отказ, а пред слична судбина е и Луј Ван Гал бидејќи Јунајтед се гуши во порази.
Гвардиола дојде во Баерн летото 2013 и со него освои две германски првенства и еден Куп. Карло Анчелоти, од друга страна, доаѓа свеж и одморен. Тој нема ангажман откако го отпуштија од Реал Мадрид во мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.