| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица повредени во сообраќајката на патот Скопје-Тетово

Четири лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа која се случила на патот Скопје – Тетово информираше полицијата.

soobrakjajk

Б.И (27) од Гостивар утрово на автопатот Скопје – Тетово кај Добарскиот надвозник ја изгубил контролата над возилото БМВ 318 и излетал од патот. Во несреќата со тешка телесна повреда скршеница на рбетот се здобила сопатничката У.И.(57), а со полесни повреди возачот сопатникот Д.И.(27) и пет годишно дете.

Според полицијата сите повредени биле префрлени во тетовската болница и по укажаната помош тешко повредената У.И. била упатена на скопските клиники, а другите биле пуштени на домашно лекување.

Првичните податоци од увидот покажуваат дека причина за сообраќајката е неприлагодена брзина кон условите на патот, а материјалната штета се проценува на околу 50 илади денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top