Американската Амбасада во Тунис ги предупреди денеска граѓаните на САД да избегнуваат голем трговски центар во главниот град Тунис поради опасност да биде извршен таму терористички напад.
Американските граѓани се предупредени да го избегнуваат реонот Берж ду Лак каде е трговскиот центар.
Во Тунис беше прогласена вонредна состојба по самоубиствениот напад од минатиот месец извршен врз автобус во кој се превезуваат припадници на претседателската гарда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.