| четврток, 6 декември 2018 |

Рибиното масло ја согорува маснотијата околу стомакот

Научници од Универзитетот Кјото во Јапонија тврдат дека рибиното масло ја согорува маснотијата околу стомакот и е поефикасно од моментно достапните апчиња и тоа за лица кои се во триесетите и четириесетите години.

Ова масло ги активира рецепторите во дигестивниот систем и го „крева“ симпатичниот нервен систем, по што ќелиите ја согоруваат маснотијата.

Масното ткиво не ја задржува сета маснотија. Таканаречените бели ќелии ја задржуваат маснотијата за да се направи залиха на енергијата, а кафеавите ќелии ја трошат маснотијата и ја одржуваат телесната температура стабилна.

Бебињата имаат голем број кафеави ќелии, но тој број се намалува со времето.

Откриени се и трет тип на ќелии кај луѓето и глувците. Тие се многу слични на кафеавите ќелии. Бројот на кремавите ќелии се намалува во средните години, а без нив маснотијата се собира и останува неискористена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top