| четврток, 6 декември 2018 |

Осум правила за совршени новогодишни фустани

Во изборот на фустан за најлудата ноќ не можете да погрешите, но сепак добро е да ги знаете овие неколку правила со цел да го направите најдобриот избор. Овој период во продавниците ќе налетате на многу женствени и екстравагантни модели, но сепак треба да се водите по некои начела за да го изберете вистинскиот модел, крој и материјал во кој ќе блеснете во вистинско светло.

fustani8

Ако немате доволно финансии да купите нов фустан, изберете го вашиот најомилен фустан кој ќе го надополните со голем ѓердан, кој на совршен начин вашиот фустан ќе го трансформира во фустан за забава, предложува модниот магазин „Ел“.

Доколку имате намера Новата година да ја дочекате со семејството на вашиот партнер, тогаш е најдобро да облечете коктел фустан со дискретно деколте, преку кое може да носите и јакничка од букле или некој атрактивен материјал.

Тантелата, необични текстури,ѕвонесто здолниште или тулот се материјали кои треба да ви помогнат во изборот на фустан кој е привлечен, но и интересен и совршен за луда забава.

Во сферата на модните додатоци држете се до минимлано украсување. За таа вечер ви е доволно да имате едно подоминантно парче накит, и тоа обетки или ѓердан, атрактивни салонки или сандали ,мала вечерна чантичка (Clutch) во некоја интензивна боја и по можност со ресички. Ова трио може да го дефинирате со мал црн фустан.

За време на Нова година, сите модни правила паѓаат во вода. На пример фустан и рамни чевли – секако да! Или она дека треба да избегнувате кожен комбинезон за дочекот! Па кој ви дал таква забрана.

Во сферата на обувките, иако салонките се совршен модел, ви препорачуваме малку да експериментирате. Искомбинирајте фустан со реси и платформи со отворени прсти, светликав фустан со А-крој, затворено деколте и рамни кожени, лаковани чевли, фустан со животински принт и лаковани кожни полудлабоки чизмички.

Седумдесетите се во мода, а тоа значи само едно – реси и ѕвонести форми. Затоа ви препорачуваме 2016 година да ја дочекате во „бохо стил“ со каубојски чизми и фустан во марсала боја, шешир и торбичка со реси.

Во сферата на боите држете се до теоријата на Бил Блас: „Ако се двоумите, тогаше облечете црвено!“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top