Во Германското фудбалско првенство, односно Бундес лигата, попладнево беа одиграни пет натпревари од 17. коло.
Најголемото изненадување го направи Келн кој иако имаше негатива во дуелот со Борусија Дортмунд, сепак на радост на домашните симпатизери на крајот славеше победа со 2:1.
Борусија поведе со голот на Сократис Папастопулос (18.минута), а Келн до големиот пресвт стигна во завршните осум минути, со головите на Симон Цолер (82) и Антони Модест (90).
На останатите натпревари одиграни попладнево: Ајнтрахт– Вердер 2:1, Хамбургер Аугсбург 0:1, Хановер Баерн Минхен 0:1 и Инголштат Баер Леверкузен 0:1.
Денешната програма ќе ја заокружат Штутгарт и Волфсбург со средбата која ќе започне до 18 часот и 30 минути.
Последните два натпревара од оваа рунда во Бундес лигата ќе се играат утре, а во нив Херта го пречекува Мајнц, додека во Менхенгладбах кај Борусија гостува Дармштат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.